top of page
Logoped Ilina
hero-img.png
Logoped Ilina

Логопед Илина

Центар за говорно - јазичен развој и рехабилитација

ЗА ИЛИНА

Место за секој глас

Илина Недановска основач и управител на центарот и дипломиран логопед со завршени академски четиригодишни студии по логопедија на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нејзината стручна основа е изградена врз современи научни знаења, клиничка пракса и посветена работа со деца и возрасни со говорно-јазични потешкотии.

Моментално е запишана на мастер студии во Белград, со цел понатамошно продлабочување на стручноста и примена на современи пристапи во логопедската дијагностика и терапија. Нејзината работа се темели на индивидуален пристап, професионалност и посветеност кон секој клиент и семејство.

Ilina_edited.jpg
Teacher

НАШАТА МИСИЈА

Градење самоуверен говор

Нашата мисија е обезбедување стручна, навремена и индивидуализирана поддршка во говорно-јазичниот развој. Преку системска проценка, планирана интервенција и современи терапевтски пристапи, работиме кон развој на јасен, функционален и самоуверен говор.

Појасен изговор

Работиме на прецизност и јасност во артикулацијата преку структурирани вежби и индивидуален пристап, со цел разбирлив и стабилен говор.

Подобра комуникација

Се развиваат вербалните и комуникациските способности за поефикасно изразување и полесна интеракција во секојдневните ситуации.

Подршка за пелтечење

Се применуваат стручни пристапи за намалување на дисфлуентноста и градење контролирана и посигурна говорна продукција.

Полесно учење

Подобрувањето на говорно-јазичните вештини придонесува за поуспешно следење на наставата и полесно усвојување на нови содржини.

Поголема самодоверба

Преку сигурна комуникација и видлив напредок се зајакнува самодовербата во говорот и социјалната вклученост.

Социо-емоционални вештини

Се поттикнува развојот на социо-емоционалните вештини преку насочени активности за препознавање и изразување емоции

Image by Kelly Sikkema

КОНСУЛТИРАЈ СЕ

Раната интеревенција носи најдобри резултати

Доколку забележите отстапување во изговорот, разбирањето или комуникацијата, навремената проценка прави голема разлика.

Colorful Alphabet Letters

КОНТАКТ

Тука сум да помогнам

  • Logoped Ilina Facebook
  • Logoped Ilina Instagram
bottom of page